Груби – Хулман: Патот кон ЕУ се отвора со Францускиот предлог

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби оствари средба со амбасадорката на Швајцарија, г-ѓа Вероник Хулман.

Содржината на францускиот предлог, протестите против овој предлог и предизвиците кон интегративниот пат на земјата беа дел од темите на кои се разговараше на оваа средба.

Исклучително важно е да се отклучи патот кон интеграцијата во ЕУ преку конструктивен и опсежен преглед на Францускиот предлог поддржан од 27-те земји членки на ЕУ, чиј предлог не им наштетува на идентитетот, културните, јазичните и историските особености на нашите сограѓани.

Груби истакна дека во овие клучни моменти за државата треба да се дејствува рационално, искористувајќи ја историската можност за решавање на последниот спор со Бугарија.

Амбасадорката Хулман, беше информирана од првиот Потпрестедател на Владата, г-дин Груби за транспарентниот процес околу францускиот предлог и заедно констатираа потреба од оперативна компактност и сеопфатен ангажман на сите политички чинители, академскиот свет, граѓанскиот сектор и сите граѓани за надминување на предизвиците, бидејќи е време рационалноста да  триумфира над субјективниот протагонизам.

Груби и амбасадорката Хулман се фокусираа и на реакциите предизвикани од објавувањето на содржината на предлогот, при што Груби го осуди насилството употребено за време на организираните протести кои беа  оценети како непотребни, антиевропски и штетни со цел дестабилизација на земјата.

ТОП ВЕСТИ

Samsung SmartThings ги поврзува луѓето со најважните работи < Опсервер

Скопје, С. Македонија – 31 август 2023 година – Samsung Electronics Co., Ltd денеска ги прикажа своите најнови иновации за поврзан дом. За...

Apple ќе го претстави новиот iPhone на 12 септември < Опсервер

На 12 септември Apple ќе претстави нови производи, вклучувајќи ја новата телефонска линија iPhone 15 и паметните часовници од следната генерација. <!-- <!-- <!-- ...

Специјална соработка за паметниот проектор „The Freestyle“ < Опсервер

Samsung Electronics во соработка со светски познатата корејска група BTS најавија премиера на краток филм во кој SUGA (член на групата), како амбасадор...