Заедничката владина седница меѓу Северна Македонија и Република Албанија ќе се одржи на 14-ти ноември во Скопје. Оваа информација преку официјално соопштение на социјалната мрежа Фејсбук ја потврди првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем, Артан Груби. Груби пишува дека една од точките одобрени на 100-та седница на Владата е информацијата за заедничката седница.