Груби на 5 -годишнината од УМТ/ Овој едукативен храм е резултат на Охридскиот Договор

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денеска учествуваше на одбележувањето на петгодишнината од основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“. Во својот говор пред присутните, г. Груби истакна дека Универзитетот „Мајка Тереза„ е директен резултат на Охридскиот Мировен Договор и во оваа прилика ви благодарам што станавте дел од прославата на 20 -годишнината преку конференцијата организирана од ваша страна.

„Јас бев еден од пратениците што гласаа за основањето на овој универзитет и се чувствувам многу среќен кога го гледам успехот и благосостојбата на оваа институција. Исто така, многу добро се сеќавам на месец октомври 2016 година кога Универзитетот „Мајка Тереза„ во Скопје почна да функционира во објектот на Сојузот на Синдикати на Република Северна Македонија. Универзитетот „Мајка Тереза„ е директен резултат на Охридскиот Рамковен договор и јас многу сум ви благодарен што бевте дел од прославата на 20-годишнината на овој историски договор преку конференцијата која ја организиравте,„ истакна Груби.

Денес, додаде Груби, Универзитетот „Мајка Тереза“ е едно од центрите на знаењето кое ја проектира здравата иднина на нашата земја.

„Извонредно задоволство е што денес ја имам честа да бидам сведок на успехот на овој универзитет, во кој веќе церемонијата на дипломирање ја реализираа многу студенти од земјата и од странство. Го основавме Универзитетот „Мајка Тереза“ без ниедна критика, без никаков глас на противење и на најдобар и нај мирен можен начин, со широка поддршка. Денес, ние мора да ги интензивираме нашите напори со цел да овозможиме изградба на универзитетски кампус во Скопје за овој универзитет, и во оваа прилика ја поздравувам одлуката на општина Чаир што ги усвои вистинските одлуки за спроведување на овој процес, додека ние како Влада го поддржуваме спроведувањето на проектот„ потенцираше Груби.

Првиот вицепремиер, г. Артан Груби им честиташе на академскиот кадар за стручното оспособување на квалитетни кадри и придонесот што како извор на знаење го дават во проекцијата на здравата иднина на нашата земја, додека на студентите им посака успеси во натамошните предизвици и континуитет во чекорење кон напредокот.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...