Груби на средба со Џачка: Интеграцијата во ЕУ е во интерес на државата и граѓаните

Mar 27, 2023
Скопје, 27 март – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денес оствари средба со министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, г-ѓа Олта Џачка која престојува во официјална посета на Скопје.
На средбата беа оценети континуираниот политички дијалог и општите случувања во билатералните односи меѓу двете земји, кои сега одбележуваат три децении од воспоставувањето на дипломатските односи.
Уставните измени и реформи во земјава беа оценети како политички процес за кој е потребна волја и истакнаа дека мора да се обединат сите политички фактори на фронтот за Европа и да го остават политичкиот интерес на страна и да се фокусираат на интересот на државата и граѓаните од Унијата. Процесот на проширување вп Европската Унија е поврзан не само со стабилноста и безбедноста на Балканот, туку и со целиот европски континент.
   
Груби понатаму ја истакна важноста од реализацијата на инфраструктурните проекти, кои остануваат приоритет на двете земји, но и други работи во енергетската област, железничкото поврзување во рамките на Коридорот 8, како и други договори потпишани меѓу двете влади.
На средбата беше истакнато дека како сојузници во НАТО, Република Северна Македонија и Република Албанија се подготвени за продлабочување на меѓусебната соработка, за поактивен придонес во областа на безбедноста во регионот и пошироко.
Притоа, двајцата соговорници разговарале за состојбите во регионот, со посебен осврт на дијалогот Приштина – Белград, по последниот договор во Охрид, случувањата во поширокиот регион, но и руската агресија врз Украина.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ