Груби оствари проштална средба со амбасадорката Задорожњук

Скопје, 5 август – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук.

На средбата се разговараше за актуелната ситуација во Украина, која амбасадорката Задорожњук ја оцени како тешка. Северна Македонија се постави на вистинската страна на историјата со тоа што се усогласи со демократските земји во линија на воведување санкции кон Руската Федерација и како членка на НАТО ја осуди руската агресија од самиот почеток бидејќи повеќе нема место во светот , во 21 век за агресија и насилство.

May be an image of 2 people, people sitting and indoor

Амбасадорката Задорожњук, изрази благодарност за континуираната помош што Северна Македонија ја дава во овој период на криза, вклучувајќи го и приемот на украинските граѓани кои побараа засолниште во нашата земја, додека Груби уште еднаш ја потврди силната поддршка на Владата на Северна Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, апелирајќи до страните да седнат и да го решат конфликтот по пат на дијалог и дипломатија.

Груби и Задорожњук разговараа и за важниот чекор што Северна Македонија го направи со почетокот на преговорите за интеграција со Европската Унија и одржувањето на Првата меѓувладина конференција како адекватен одговор на обидите за дестабилизација и идеолошка дезориентација на земјата, исто така статусот на земја кандидат на Украина го опишаа како историски момент и геополитичка смелост предизвикана од руската инвазија.

May be an image of 2 people, people sitting and indoor

Двајцата сооговорници оценија дека соработката меѓу двете земји треба да продолжи уште посилно во многу области, со посебен акцент на обновата на Украина.

ТОП ВЕСТИ

Сити спреми нов договор, Халанд најплатен во Премиер лигата

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIЕрлинг Халад во својата прва сезона во дресот на...

Најневеројатен шверц на луѓе, на српските цариници не им се верувало дека е можно

Неверојатна сцена синоќа доживеале цариниците во Градина. Имено тие ја отвориле хаубата на еден автомобил и внатре виделе жена скриена меѓу моторот и ладилникот...

Почнува летното сметање на времето

Стрелките на часовникот ноќеска во два часот ќе покажуваат три часот. Со промената на сметањето на времето почнува летното сметање на времето и ќе...

Груби: Не сметам, знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени 

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите шшто доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ дека на власта и недостигаат 10 пратеници за усвојување на уставните измени,...

Ал Пачино на романтична вечера со 54 години помладата партнерка (ФОТО)

Холивудскиот актер Ал Пачино ужива во љубовта со пет децении помладата партнерка. Ал Пачино е снимен за време на романтичен состанок со неговата 54...