Груби оствари средба со новиот чешки амбасадор Јарослав Лудва

Првиот потпретседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците г. Артан Груби, денес оствари средба со г. Јарослав Лудва, новоименуваниот амбасадор на Чешката Република во нашата држава.

Оценето е дека Северна Македонија има геостратешко значење и дека Европа е безбедна со интеграција на нашата држава и на целиот регион во ЕУ.

На состанокот е пренесено дека Чешката Република го поддржува европскиот пат на Република Северна Македонија и дека нашата држава ќе ја има и понатаму поддршката, посебно што Чешката Република ќе претседава со Советот на ЕУ од 1 јули оваа година.

Заедно со амбасадорот Лудва разговаравме и за Руската агресија врз територијата на Украина, и заедно го осудивме овој чекор на Москва како една закана не само за тој регион, туку и целата Европа.

Меѓу другото Груби на Лудва му кажа дека му е драго дека Чешката Република е партнер на нашата земја и значаен поддржувач на европските перспективи, како стратешка цел на земјава.

Првиот потпретседател на владата, г. Груби и чешкиот амбасадор, г. Лудва за време на оваа средба дискутираа и за спорот со Република Бугарија.

Груби му пренесе на амбасадорот дека Република Северна Македонија ќе работи низ една чесна комуникација во дијалогот со Република Бугарија и дека трудот во овие разговори веќе е препознаена и од државите на Европската Унија.

Груби исто така му порача на Лудва дека владата е ангажирана максимално да работи по принципот на почитување на другиот, на сочувување на достоинството на граѓаните на двете држави и во духот на европските перспективи.

На средбата, заеднички е констатирано дека постојат можности за унапредување на добрата соработка меѓу двете земји во повеќе области, како што се економијата, одбраната, енергетиката итн.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...