PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Груби оствари средба со новоименуваниот британски амбасадор, Метју Лосон

Sep 21, 2022

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денес оствари средба  со новоименуваниот британски амбасадор, Метју Лосон.

„Му честитав за новиот мандат и изразив сочувство за смртта на кралицата Елизабета II. Ми ја пренесе големата поддршка од Обединетото Кралство за политиките на развој на нашата држава. Го потврдивме пријателство помеѓу двете земји, унапредување на соработката во областа на економијата, одбраната како партнерски држави во НАТО, во борбата против криминалот и корупцијата како и поддршка во натамошните реформски процеси на земјава.
Ќе продолжиме со цврстото партнерство и пријателство изградени низ изминатите три децении преку политичките, економските, културните и образовните врски на нашите општества и граѓани.“, напиша Груби на социјалните мрежи.
May be an image of 3 people, people standing, suit and indoor
PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ