Груби оствари средба со в.д шефот на американската амбасада Ерик Мејер, заедно разговараа за Коридорот 8

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска оствари средба со вршителот на должноста шеф на американската мисија, г-дин Ерик Мејер.

На оваа средба Груби и Мејер разговараа за проектот Коридорот 8 и 10Д како и за најновите случувања во насока на почетокот на работата на овој проект.

Дискусијата за важноста на овие проекти не само за земјата туку и за целиот регион направи целата Влада да се посвети за нивна брза и квалитетна реализација.

Процесот е веќе пред избор на консултант за финансиската трансакција и се очекува во следните неколку дена изборот да биде завршен и да продолжи понатаму.

Управниот комитет на Владата формираше 3 тима со конкретни задачи за експропријација, преговори и реализација на проектот, додека консултантот за финансиска трансакција и надзор ќе треба да преговара со Бехтел Енка и во рок од 21 ден да склучи договор кој потоа ќе биде испратен прво до Комитетот, а потоа до Владата за потврда.

Очекуваме во текот на оваа лето да започне изградбата и да се постави камен-темелникот, истакна на оваа средба првиот вицепремиер г-дин Груби.

Двајцата соговорници разговараа и за политичката состојба во земјата и регионот, како и за спорот со Бугарија, за изнаоѓањето решение за давање зелено светло и одржување на првата меѓу владина конференција.

Груби уште еднаш му ја пренесе пораката на г-дин Мејер, му кажа дека европската интеграција е од големо значење за Република Северна Македонија поради околностите во кои се наоѓа целиот свет во моментов.

Исто така на оваа средба Груби ги поздрави посетите на високите американски претставници како една голема поддршка за нашата земја на патот кон големото европско семејство и воспоставувањето на стратешкиот дијалог на нашата земја со Соединетите Американски Држави.

(Сликата е од архивот)

ТОП ВЕСТИ

Предлогот на Рама за формирање ЗСО на Косово стигна до германската влада

Нацрт-предлогот за Статутот на Заедницата на српските општини на албанскиот премиер Еди Рама стигна до германската влада, потврдено е за „Косово онлајн“. Владата во Берлин,...

Чоколадно смути со овошје

                      Состојки: (за 2 лица) – 1 зрела банана (замрзната) – 5 јагоди (замрзнати) – 2 дл млеко или бадемово млеко – 1 лажичка ванилин шеќер – 2 лажици какао – мраз...

Пентагон го демантира „Волстрит журнал“, Кинезите не граделе шпионска станица во Куба

Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско прислушување на територијата на Куба. Портпаролот на Министерството за одбрана, Пет...

Ким Кардашијан има ново момче: Мистериозниот маж го носела во ресторан во кој одела со бившиот

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан откри дека се гледа со мистериозен маж, а за да го скрие неговиот идентитет, му го дала прекарот „Фред“. Најпознатата старлета...

(Видео) Невреме во Белград: од силните громови испукале стаклата на автомобилите

Силно невреме го зафати синоќа Белград и направи хаос. Според снимките кои беа објавени на социјалните мрежи, грмотевиците биле многу силни и имало во...