Првиот потпредседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу зседниците Артан Груби преку фејсбук статус реагираше по инцидентот со палење на автомобил, што се случи во раните утрински часови.
Груби им се извини на сите свои пријатели и соседи за настанатите непријатности, бидејќи како што истакна заканите и нападите не го спречуваат успешно да ја изврши својата политичка мисија.
Целосна објава: Им се извинувам на сите мои соседи во мојата населба за големото вознемирување синоќа пред нашата зграда само поради мојата професија.
Исто така, му се извинувам на мојот пријател и неговото семејство за предизвиканата штета само поради мојата професија.
Во политиката сум за да служам и да оставам трага со работа и дела, а не да ми се тероризира семејството, соседите и пријателите.
Континуираните закани и последователни напади ги сметам за кукавички и подмолни, но немам намера да запрам и да престанам да работам и да ги исполнувам очекувањата на граѓаните.
Се извинувам што мојата и вознемирувањето на моето семејство се претвори и во грижа и вознемиреност и на соседите и на пријателите.
Изразувам благодарност до сите мои соседи како и до безбедносните сили и нивните напори да го решат синоќешниот напад.
Ви благодариме и на сите вас за големата поддршка!