Груби: Силно ја осудуваме одлуката на Русија, се превземаат сите чекори за заштита на безбедноста и сигурноста на нашата земја

„Силно ја осудуваме одлуката на Русија за признавање на украинските региони Донецк и Луганск како самонаречени “Народни Републики Донецк и Луганск”. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и меѓународното право, одлуките на Советот на ООН од 2015 на кои е обврзана и Русија, вели првиот вицепремиер, Артан Груби, за ЦИВИЛ Медиа.

Тој додава дека Северна Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници.

„Северна Македонија како и останатите НАТО сојузници се приклучува на повикот за враќање на Русија на решавање на конфликтот преку мирен и дипломатски пат.

Треба да се каже во политичкиот дел дека будно се следат работите, од домашни институции и од НАТО, и дека се превземаат сите чекори за заштита на безбедноста и сигурноста.

Дека е можно да има негативни ефекти и последици, како што има од секој конфликт, и дека баш затоа се инсистира на дипломатски дијалог и мирно решавање на кризата. Но, и дека се прават сите припреми и подготовки да се заштити безбедноста и стабилноста на нашата земја и нашиот регион.

Многу е корисно во нашиот регион речиси сите наши соседи и држави во поширокиот регион се членки на НАТО и со нив сме во дневна комуникација и координација, и правиме заеднички напори во интерес на нашата колективна безбедност и заштита“, вели министерот за Политички систем и односи меѓу заедниците.

ТОП ВЕСТИ

Одличен дизајн, иновативност и камера за најдобри фотографии » opserver.mk

 Новите Galaxy A34 5G и Galaxy A54 5G  целосно ќе ве освојат оваа пролет со својата функционалност, достапност и секако, со уште подобрената...

Италија ја ограничи употребата на податоците на италијанските корисници од апликацијата ChatGPT

Италијанската агенција за заштита на податоци денеска објави дека отворила истрага против апликацијата ChatGPT на OpenAI поради сомневање за прекршување на правилата за...

Зеленски и шефовите на странски држави и влади оддадоа почит на жителите на Буча убиени од руските агресори

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, заедно со повеќе шефовите на странски држави и влади им оддаде почит на жителите на Буча убиени од...

Работната група за уставните измени ќе работи и без ВМРО-ДПМНЕ

Ако ВМРО-ДПМНЕ одбие да се вклучи во работната група за уставните измени, тоа ќе биде негативно за процесот кој треба да ја одреди иднината...

Груби се сретна со в.д. Германскиот амбасадор Ото Граф: Уставни промени годинава!

Скопје, 31 март – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби, се сретна со в.д. амбасадорот...