PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Груби: Со новите одлуки им се овозможува на одредени субјекти да се снабдуваат со електрична енергија од АД ЕСМ до 30.04.2023 година

Oct 30, 2022

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби ги објави новите одлуки од седницата на Владата со кои ќе се овозможи непречено снабдување со електрична енергија за време на светската енергетска криза и ќе  ублажи ефектот од поскапувањето на струјата на светските берзи, со тоа што ќе им се овозможи на одредени субјекти да се снабдуват со електрична енергија од АД ЕСМ до 30.04.2023 година или до завршување на најавената кризна состојба и тоа :

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

-основните и средните училишта по цена од 95 евра за мегават/час;
– трговските друштва кои се занимаваат со производство и чување на животинско и живинско месо, преработка на млеко и производство на млечни производи по цена од 80 евра за мегават/час;
– јавните претпријатија за водоснабдување и одведување на отпадни води кои користат пумпни и пречистителни станици по цена од 95 евра за мегават/час.

„Исто така, за да спречиме евентуални манипулации, донесовме одлука со која им се забранува на општините и на Градот Скопје да основаат јавни претпријатија и трговски друштва за активности од областа на јавното осветлување“, истакна Груби.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ