Груби – Ќучук: Воспоставуваме меѓуинституционална соработка во образованието и културата

Првиот вицеприемиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби придружуван од пратеникот во Европскиот парламент г-дин Илхан Кјучук и градоначалникот на општина Чаир г-дин Висар Ганиу го посети денес О.У. „Исмаил Ќемали“.

Целта на оваа посета е продлабочување на соработката меѓу две училишта „Исмаил Ќемали“ во Чаир и „Емилијан Станев“ во Велико Трново.

„Ви благодарам многу што дојдовте денес и одговоривте на поканата да бидете дел од оваа посета со европратеникот г-дин Ќучук во соработка со градоначалникот на Чаир, г-дин Висар Ганиу, пратеничката и директорката на училиштето „Исмаил Ќемали“ и сите гости овде. Неколку недели по посетата на европратеникот, го посетуваме ова училиште за да воспоставиме соработка со друго училиште во Република Бугарија во знак на солидарност по трагичната несреќа што се случи со автобусот кој се враќаше од Турција за Република Северна Македонија. Сега оваа соработка станува реалност во соработка со Европскиот парламент и г. Ќучук заедно со г. Ганиу кој е тука да ја официјализира оваа соработка меѓу двете училишта под официјална поддршка на Европскиот парламент и многу сум задоволен што денеска ја одбележуваме оваа меѓуинституционална соработка меѓу нашите две училишта“, рече првиот вицепремиер Груби.

Европратеникот Ќучук истакна дека заедно прават проекти во областа на образованието и културата.

„Се сретнавме овде пред неколку недели на многу тажен ден, но денеска повторно се среќаваме во порелаксирана атмосфера. Целта е преку училиштата да направиме еден конкретен проект, помеѓу училиштата во Велико Трново и во Чаир. Проектот ќе се заснова на тоа учениците да видат како се одвива учењето во Бугарија и Северна Македонија врз основа на европската перспектива. Значи, јас сум тука со градоначалници и пратеници и идејата е да направиме што повеќе активности во областа на образованието и културата со решавање на најтешките проблеми бидејќи сум голем оптимист дека двата народа треба подобро да се познаваат“ истакна европратеникот Ќучук.

Градоначалникот на Чаир Ганиу потенцијараше дека сака ова да биде добар чекор општините во иднина да воспостават уште поплодна соработка.

„Оваа иницијатива што ја започнавме пред неколку недели, денеска ги правиме првите чекори и ја официјализираме. Драго ми е што европратеникот го познава регионот и со ова училиште ќе воспоставиме подобра соработка во иднина. Сакам тоа да биде добар чекор и во иднина нашите општини да воспостават поплодна соработка со тамошните општини“, нагласи градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

На оваа средба присуствуваа и директорите на училиштата Бурбуќе Имери и Антоанета Палангурска, кои изразија подготвеност за реализација на различни проекти со учениците.

„Имаме идеја да продолжиме во различни области и мислиме да направиме посети со ученици за да видиме како се реализираат часовите, имам многу добро искуство бидејќи ученици од Република Северна Македонија учествувале во различни проекти и мислам дека тие се подготвени за соработка за европска перспектива“, нагласи директорката на училиштето „Емилијан Станев“, г-ѓа Антоанета Палангурска.

Мислам дека ќе биде добро искуство на размена на мислења, различни проекти меѓу двете училишта, исткна и директорката Имери.

„Со големо задоволство прифатив да имам соработка со Република Бугарија откако ни се случи трагедија со нашите ученици кои таму ги изгубија животите. Разговаравме и мислиме дека тоа ќе биде добро искуство на размена на мислења, различни проекти меѓу двете училишта“, изјави директорката на училиштето „Исмаил Ќемали“, г-ѓа Бурбуќе Имери.

ТОП ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...

Полициска акција на наплатната рампа кај Тетово, запленета голема количина дрога, уапсени дилери

На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово утрово околу 7 часот, полицијата заплени големо количество дрога и уапси двајца оосмничени дилери, информираа за...