PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Груби: Владата со помош од 50 милиони евра ќе помогне на општините за подобрување на водоводната инфраструктура

Jul 28, 2023

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби соопшти дека Владата на денешната седница ја донесе одлуката за распределба на 50 милиони евра на општините како и на Градот Скопје кои ќе бидат наменети за подобрување на водоводната инфраструктура. Средствата се обезбедени преку Европската инвестициска банка.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Целосна објава:

✅На последната одржана седница на Владата ја изгласавме одлуката за распределба на средства во висина од 50 милиони евра обезбедени преку Европската инвестициска банка, кои ќе бидат инвестирани во подобрување на водоводната инфраструктура во општините низ земјата.

 

🔜Овие средства наскоро ќе им бидат поделени како донација на сите општини, вклучително и општините на Град Скопје преку Министерството за животна средина и просторно планирање за реализација на приоритетни инвестиции за:

 

👉🏻водоводни мрежи,

👉🏻канализациски мрежи,

👉🏻пречистителни станици за отпадни води, како и

👉🏻опрема за подобрување на водната инфраструктура на нивната територија.

 

Дел од средствата, односно по 200 илјади евра ќе бидат распределени подеднакво за сите општини, додека остатокот на средствата ќе биде утврден согласно бројот на жители кои тие општини го имаат.

 

#сегрижиме

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ