Првиот потпретседател на Владата на Република Северна Македонија, Артан Груби, денеска во изјава за медиумите рече дека политичката елита во државата мора да биде искрена со граѓаните и да ја зборува вистината.
Груби потсети на мислењето дека во текот на 2011 година земјата добила од Европската унија решение со цел да се постигне договор со Грција, кој е многу подобар од она што беше договорено 7 години подоцна, во 2018 година. СО првиот предлог земјата не беше требаше да претрпи уставни измени, но како резултат на немањето храброст на политичката елита во тоа време, беше прифатен многу полош предлог, државата беше принудена да направи уставни измени, што не натера да користиме ново уставно име, Република Северна Македонија.
„Се плашам дека овој предлог, кој не е најдобар но нема подобар да добиеме, ќе биде многу полош во иднина. Не треба да се плашат граѓаните, навредливо е да им се каже на Македонците дека ќе се асимилираат, 21 еден век не успеал никој да ги асимилира, исега еден политишар или двајца кои што се со анти европски дух, и некоја про руска агенда протестираат секојдневно, ги плашат луѓето дека ќе ги асимилираат„, изјави Груби.