PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Груби во Дневникот на ТВ Канал 5: Мета сум на секојдневни закани и притисоци

Jul 24, 2023

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во гостувањето во Дневникот на ТВ Канал 5 запрашан кој стои зад палењето на автомобилот марка ” Ауди” и кој е негов сопственик кое беше запалено пред неговиот дом во саботата истакна дека тој е мета на постојана вербална агресија од страна на опозицијата и со тоа се поттикнуваат луѓе и се создава атмосфера на насилство. ” Дојде до немил настан пред мојот стан,пред мојата зграда. Живеам во зграда сред Чаир, таму сум целиот мој живот, таму се и моите родители. Добивам секојдневни закани, секојдневен притисок, секојдневни измислувања и клевети.” Исто така, Груби истакна благодарност до Претседателот на Владата, Претседстелот на државата, министерот за внатрешни работи, до сите колеги министри и институции кои превземаа сериозна операција за  нападот на Првиот вицепремиер во државата. “Се надевам дека ќе се пронајде нарачателот и извршителот на ова дело.” кажа Груби. Воедно, нагласи дека користи службено возило, а за приватни потреби користи возила на семејството и пријателите. “Аудито апсолутно не е мое возило, туку на мој другар”, потенцира вицепремиерот Груби.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ