[ad_1]
Руски хакери неодамна се обиделе да ги пробијат безбедносните мрежи на НАТО и вооружените сили на одредени источноевропски земји, објави денеска Аналитичката група на Гугл што анализира закани.
Во извештајот не се наведува кои биле целите на нападот, кој се опишува како обид за кражба на лозинки, податоци од мејлови или други комуникациски канали, но се наведува дека нападот го извршила руската група „Колдрајвер“ или „Калисто“.
– Ваквите напади беа извршени со помош на нови сметки на џимејл и отидоа на сметки кои не се на Гугл, па не се знае колку биле успешни – се вели во извештајот на тимот на Гугл.