Гутереш: Без слобода на печатот, нема демократски општества


Фото: Твирер/Антонио Гутереш

Во пресрет на Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека „без слобода на печатот, нема вистински демократски општества, и без слобода на печатот – нема слобода“. Тој укажа дека „заканите на новинарите растат секој ден“.

За време на пандемијата, многу медиумски работници беа на „првата линија“, обезбедувајќи точно, научно засновано известување за информирање на носителите на одлуки и спасување животи – се вели во изјавата на генералниот секретар.

Новинарите кои известуваат од областа на климата, биодиверзитетот и загадувањето успеаја да го свртат вниманието на светот кон оваа планетарна криза.

Сепак, според Гутереш, „заканите за слободата на новинарите и медиумските работници растат од ден на ден“.

– Од глобалното здравје до климатската криза, корупцијата и кршењето на човековите права, тие се соочуваат со зголемена политизација на нивната работа и обиди да ги замолчат од неколку страни – рече Гутереш.

Дигиталната технологија го демократизираше пристапот до информации, но создаде и сериозни предизвици.

– Дигиталната технологија ја прави цензурата уште полесна. Многу новинари и уредници ширум светот се во постојан ризик нивните програми и извештаи да бидат отстранети од интернет. Се менуваат методите и алатките, но целта за дискредитација на медиумите и прикривање на вистината останува иста како и секогаш – додаде Гутереш.

ТОП ВЕСТИ

Нов метод за снимање на системот за варење со далечинско управување > Опсервер

Минијатурната капсула „Навикам“ („NaviCam“) може да направи револуција во дијагнозата на проблеми со дигестивниот тракт. <!-- N_Inpost 300x250_2 Ендоскопите со капсули...

Чоколадно смути со овошје

Состојки: (за 2 лица) – 1 зрела банана (замрзната) – 5 јагоди (замрзнати) – 2 дл млеко или бадемово млеко – 1 лажичка ванилин шеќер – 2 лажици какао –...

Пентагон го демантира „Волстрит журнал“, Кинезите не граделе шпионска станица во Куба

Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско прислушување на територијата на Куба. Портпаролот на Министерството за одбрана, Пет...

Ким Кардашијан има ново момче: Мистериозниот маж го носела во ресторан во кој одела со бившиот

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан откри дека се гледа со мистериозен маж, а за да го скрие неговиот идентитет, му го дала прекарот „Фред“. Најпознатата старлета...

(Видео) Невреме во Белград: од силните громови испукале стаклата на автомобилите

Силно невреме го зафати синоќа Белград и направи хаос. Според снимките кои беа објавени на социјалните мрежи, грмотевиците биле многу силни и имало во...