Гутереш предупредува дека светот е на пат кон катастрофа

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш нагласи дека светот е на пат кон катастрофа, доколку владите не се обврзат на поамбициозни намалувања на емисиите на штетни гасови, со цел да се запре глобалното затоплување и неговите последици.

Новиот извештај на ОН, што содржи преглед на сите национални обврски поднесени од потписниците на Париската климатска спогодба до 30 јули, наведува дека тие ќе доведат до зголемување на емисиите на штетни гасови за речиси 16 проценти до 2030 година, во споредба со нивоата од 2010 година

Парискиот климатски договор ја постави целта глобалното затоплување да се одржува под два Целзиусови степени до крајот на векот, и идеално на максимални 1,5 степени, додека експертите велат дека планетата веќе се загревала за 1,1 степени Целзиусови уште од прединдустриското време.

– Светот е на катастрофален пат до загревање до 2,7 степени Целзиусови, нагласи генералниот секретар на ОН.

Тој додаде дека е неопходно емисиите да се намалат за 45 отсто до 2030 година, со цел да се постигне неутралност на јаглерод до средината на векот.

Околу 113 земји, вклучувајќи ги САД и Европската унија, до крајот на јули поднесоа ревизија на Националниот определен придонес (НДЦ) во рамки на Парискиот договор за климата.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...