Хабек: Единството на ЕУ почнува да се распаѓа


Фото: Роберт Хабек (инстаграм)

Германскиот министер за економија Роберт Хабек денеска изрази страв дека единството на Европската унија „почнува да се распаѓа“, пред самитот на лидерите на ЕУ на кој треба да се дискутира за ембарго на нафтата од Русија и плановите за намалување на зависноста од руската енергија.

– По нападот на Русија врз Украина, видовме што може да се случи кога Европа е обединета. Имајќи го предвид утрешниот самит, да се надеваме дека така ќе продолжи. Но, веќе почнува да се распаѓа – изјави Хабек на прес-конференција на отворањето на трговскиот саем во Хановер.

Тој побара од Германија на самитот „да зборува со еден глас“ и да не се воздржува од гласање поради разликите во мислењата во владејачката коалиција, повикувајќи ги другите членки на ЕУ да бидат обединети.

– Европа е сè уште огромна економска област со неверојатна економска сила. И кога е обединета, може да ја искористи таа моќ – нагласи Хабек.

Лидерите на ЕУ утре и во вторник ќе разговараат за новиот пакет санкции против Русија, што би можел да вклучи и ембарго на нафта, како и програма насочена кон забрзување на прекинот на зависноста од фосилните горива, вклучително и рускиот гас.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...