Халид Бешлиќ: “Не е нормално јас да пеам, додека луѓето умираат од корона“


За босанскиот 69 годишниот пејач Халид Бешлиќ поодамна немаме ништо слушнато. Но за тоа има дебела причина. Поради короната тој никаде не пее, дома е, мирува и ужива во тоа како што вели “со сила наметната пензија“.

– Немам настапи, трошам од заштедата. Пред пандемијата месечно имав и по 20 концерти. И сега добивам многу понуди за концерти, тоа се големи суми на пари, но сите ги одбивам.
Нема такви пари кои ќе ме натераат да пеам додека луѓе лежат по болници, се борат со вирусот. Луѓето умираат, а јас да пеам. Тоа не е воопшто нормално. Од почетокот на пандемијата само еднаш се случи да ги прекршам мерки, да пеам на некоја забава, но ја научив лекцијата:

– Да седам дома и да не правам глупости. Не дај Боже да закачам корона. Затоа сите мои концерти кои беа планирани во Истанбул, Дубаи, во Америка, Канада, во Европа, сите ги откажав. А токму тие концерти ја носат и заработувачката. Мене ми е поважно здравјето од парите. Доволно заработив, сега можам и да не пеам. Стрпливо чекам да помине оваа болештина, раскажа Бешлиќ кој го засакавме поради хитовите “Први пољубац“(кај нас ја пее Миле Кузмановски), “И занесен том љепотом“, “Вољела ме једна Есма“…..

ТОП ВЕСТИ

Винската визија на Отворен Балкан на најголемиот светски саем за вино во Верона заедно со Ковачевски, Вучиќ и Рама

– Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде претставен на најголемиот светски саем за вино Винитали во Верона од 2 до...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички Аниса и Мелиса

МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се...

Серија моќни торнада ги погодија САД: Тројца загинати. Срушен покрив на театар (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени по вчерашното торнадо во главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина...

Бугарите утре по петти пат во последните две години излегуваат на гласање

Бугарите во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално...

Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови.Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно...