[ad_1]
Најпрестижниот тениски турнир во светот, Вимблдон, најверојатно нема да му дозволи на Русинот Данил Медведев, но и на неговите сонародници, да учествува оваа година на терените на „Ол Ингланд клуб“. Медиумите на Островот најавуваат дека раководните луѓе на Вимблдон размислуваат да го забранат настапот на Медведев, дури и ако се „откажат“ од Владимир Путин, односно јавно да потврдат дека не ги поддржуваат неговите намери за воена инвазија на Украина.
Властите во Велика Британија стравуваат дека доколку некој од руските или белоруските тенисери успее да го освоји Вимблдон, тоа ќе му дадат ветар во грб на Владимир Путин.
„Сакаме да бидеме сигурни дека не примаат пари од Путин, истовремено сакаме да бидеме сигурни дека не им дава никаква поддршка“, изјавија од Министерството за спорт во Велика Британија.