Лондонскиот аеродром „Хитроу“ денеска нареди откажување на десетици летови со кои во последен момент требаше да бидат превезени околу 10.000 патници. Откажани се вкупно 61 лет, бидејќи на аеродромот во западен Лондон велт дека не се во состојба да примат толкав обем на луѓе.
Од авиокомпаниите е побарано да не префрлуваат патници на алтернативни летови закажани за понеделник. Дефект во системот за багаж на терминалот 3 доведе до ситуација стотици куфери да не бидат испорачани во деновите од викендот.
Од „Хитроу“ се извинија на „сите оштетени патници“, но додаде дека најголем дел од нив биле добро опслужени. Патниците немаат право да бараат обесштетување од авиокомпаниите бидејќи, според официјалната класификација, причините за откажување на летовите се надвор од нивна контрола.
Бројот на патници кои летаа од аеродромот „Хитроу“ во првата половина на годината изнесуваше 26 милиони, што е шест пати повеќе во споредб со истиот период лани.