Хоџа: Некои политичари се обидуваат да добијат градоначалнички мандат на маката на лозарите

Нема да дозволиме како завчера, поединци политички да профитираат на сметка на лозарите, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

Хоџа уште еднаш повтори дека додека тој го води Министерството, политика во земјоделството нема да има и производителите нема да се делат по таква основа. Тој смета дека откупот на грозјето ќе тече непречено и очекува сите винарски визби да ги почитуваат договорените цени: 11 денари за „смедеревка“ и 13 за „вранец“.

-Генерализирање на лозарите не е коректно и не е во ред. Ако незадоволство имале одредени политичари, односно градоначалници, зашто не им успеало тоа што го планирале, навистина ми е жал што сакале да ја употребат маката на лозарите за да поентираат политички. Сум кажал и на самиот почеток, кажувам и сега – додека јас го водам Министерството, политика во земјоделството нема да има, нема да се делат не само лозарите, туку и сите други производителите по политички бои. Жал ми е што тоа некои политичари се уште не го сфатиле, дури се обидуваат да добијат уште еден градоначалнички мандат на маката на лозарите. Жал ми е, зашто градоначалникот на Кавадарци го ценам како мој пријател. Не ми беше јасно што се случуваше тој ден. Но, со моја ургенција лозарите беа примени кај раководството на „Тиквеш“ за да разговараат и веднаш потоа откупот почна, но изгледа тоа не им одговараше на поединци и повторно го прекинаа откупот, истакна Хоџа, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со црногорскиот колега Александар Стијовиќ.

Хоџа рече дека е во постојана комуникација со лозарите и ништо од ветеното не е надвор од рамките на она што е разговарано.

-Точно е дека сум разговарал со винарските визби за поголема цена од ланската и точно е дека поголемите визби тоа го почитуваат. Има и такви што не го почитуваат, затоа свикав состанок само со визбите во средата, за да разговараме зошто е тоа така. Со оглед дека уште сме на почеток, нормално повеќето визби се уште не почнале со откуп. Затоа за мене е несфатливо уште на почеток на откупот да се прави обид да се профитира политички на грбот на лозарите, потенцира министерот.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...