Холандија го укинува физичкото растојание и воведува ковид-пропусница

Ковид-пропусница значи доказ за вакцинација, за прележан ковид или за негативен тест.

Властите во Холандија најавија ублажување на мерките за заштита од ковид, како што е укинување на физичкото растојание, но паралелно и воведување на ковид-пропусница за влез во барови, ресторани и фестивали откако се намали бројот на новозаразени.

Холандскиот премиер Марк Руте рече дека новите мерки ќе важат од 25 септември и ќе значи дека задолжителното одржување на физичко растојание од најмалку 1,5 метри се укинува, дека луѓето ќе може да одат во барови, ресторани, на фестивали и на спортски натпревари со полн капацитет.

Меѓутоа, за влез ќе им биде потребна ковид-пропусница која ќе значи доказ дека лицето е вакцинирано, прележало ковид-19 или има негативен тест. Овие докази ќе бидат потребни за сите постари од 13 години.

Здравствените власти потенцираа дека ова не значи оти ги принудуваат луѓето на вакцинација, туку дека граѓани може и да се тестираат за да влезат негде.

Кога станува збор за заштитните маски, тие остануваат задолжителни во јавниот превоз и на аеродромите, но не и во возовите.

Плановите за ублажување на рестрикциите холандскиот премиер ги најави пред еден месец, а вчера беа потврдени.

ТОП ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...

Полициска акција на наплатната рампа кај Тетово, запленета голема количина дрога, уапсени дилери

На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово утрово околу 7 часот, полицијата заплени големо количество дрога и уапси двајца оосмничени дилери, информираа за...