PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Холандија: Гори голем брод со 3.000 автомобили, екипажот скокнал во морето за да се спаси, има и жртви

Jul 26, 2023

Холандската крајбрежна стража информираше дека во пожар што избувнал на товарниот брод „Fremantle Highway“, што пловел под панамско знаме едно лице загинало, а неколку се повредени, пренесе Ројтерс.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Во моментот на пожарот, бродот се наоѓал во близина на северниот брег на Холандија, на околу 27 километри северно од островот Амеланд и 180 километри од Амстердам.

Бродот превезувал 2.857 автомобили од Германија до Египет, од кои 25 електрични, а се чини дека еден од електричните автомобили бил причина за пожарот.

Кога избувнал пожарот, на бродот имало 23 членови на екипажот кои неуспешно се обиделе да го изгаснат пожарот. На крајот морале да скокнат во морето за да се спасат и биле евакуирани со хеликоптери и префрлени во блиското пристаниште.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ