PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Холандија подготвува кризен план за можен недостиг на плин

Jan 27, 2022

Холандија добива околу 40 отсто од својата енергија од гас, а во 2020 година 45 отсто од гасот се користел за производство на електрична енергија, 28 отсто за загревање згради и домови, а 21 отсто користела индустрија.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Околу 15 отсто од гасот се набавува во Русија, а остатокот во Норвешка, велат извори од индустријата.

Планот за снабдување со гас во кризна состојба бил изготвен во 2019 година, кога Холандија, по децении силен извоз, стана нето увозник.

Во случај на акутна криза, од индустриските потрошувачи да се бара целосно да ја прекинат употребата на гас.

Сега владата одлучила да ги усовршат деталите од планот бидејќи Европа стравува дека тензиите на украинско-руската граница може да предизвикаат шокови во синџирите за снабдување со гас.

Владините претставници минатата недела му рекле на холандскиот парламент дека залихите ќе бидат доволни за нормална зимска употреба, но не и за долгорочен недостиг.

„Веќе неколку недели се среќаваме со индустриските здруженија за да разговараме за степенот до кој можеме да ги намалиме последиците за општеството ако тие бидат принудени да ја намалат потрошувачката на гас“, рече портпаролот на Министерството за економија Тим ван Дијк.

„Со собирањето на овие информации сакаме да се подготвиме за настанот за кој што ќе треба да преземеме одредени мерки“, додаде Ван Дијк.

„Ескалацијата на конфликтот во Украина би имала силно влијание врз европскиот пазар и Холандија, а доколку трае неколку недели, би можеле да посегнеме по кризниот план“, објасни портпаролот на Министерството за економија. Тој додаде дека оваа недела ќе започнат средбите со поединечни компании.

„Не можете да ги исклучите индустриските потрошувачи од електричната мрежа со притискање на прекинувачот. Ова може да има огромни последици и да доведе до опасни ситуации и може да предизвика непоправлива штета на производството, на машините“, рече Ханс Грунфелд, раководител на индустрискиот VEMW, здружение на потрошувачи.

Според него, 60-те најголеми компании можат да ја намалат потрошувачката на енергија во услови на криза, но им треба јасна информација каква финансиска компензација ќе добијат во случај на загуба на бизнисот.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ