Најмалку 30 лица загинаа денеска во масовно пукање во Тајланд. Според првите информации, пукањето се случило во градинка, а меѓу жртвите има и деца. Напаѓачот, кој сечел и бодел со нож и пукал во деца и постари лица, се уште е во бегство. Полицијата соопшти дека пукањето се случило во североисточната провинција на земјата, пренесува Ројтерс. Оттаму додаваат дека масакрот го извршил поранешен полицаец, а потрагата по него е во тек.