Хрватска ќе обезбеди уште 100 милиони евра за помош на украинските бегалци


Фото: Принт-скрин

Хрватска ќе ја зголеми помошта за пријателскиот украински народ и ќе обезбеди дополнителни 100 милиони евра како дел од иницијативата Глобал Цитизен Импацт за помош и грижа за украинските бегалци, објави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

– Додека руската брутална агресија против Украина продолжува, би сакале да ја изразиме нашата поддршка и солидарност со украинскиот народ – напиша Пленковиќ на Твитер.

„Хрватска ветува дополнителни 100 милиони евра помош за украинските бегалци“ на кои ќе им треба прием во Хрватска. Во овие тешки моменти за украинскиот народ, ќе продолжиме со нашата поддршка, солидарност и помош во овие моменти во кои сме со Украина и со Украинците“.

Според најновите податоци, во Хрватска има повеќе од 12.600 украински бегалци.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ утре одбележува 21 годишнина од своето постоење

Демократската унија за интеграција (ДУИ)  утре на 5 јуни по повод 21-годишнината од своето постоење со свечен коктел во хотелот " Александар палас" во...

Славната пејачка се обрати кон хејтерите: „Јас сум во мојата дебела фаза, па што?“

Музичарката со албанско потекло Бебе Реџа сподели фотографија од нејзиниот стомак на Твитер откако видела како луѓето го бараат нејзиното име со зборот „дебела“...

Директорот на Nvidia: Секој може да програмира со помош на вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција значи дека секој сега може да биде компјутерски програмер бидејќи сè што треба да направи е да „разговара со компјутерот“, изјави денеска...

Зеленски: Најмалку 500 украински деца загинаа во војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека најмалку 500 украински деца биле убиени во војната на Русија против неговата земја. Тој го изјави ова...