Тој, меѓу другото, беше прашан за коментар за обвиненијата од Србија со кои се товарат хрватски воени пилоти.
„Тука станува збор за зулум и терор над хрватските команданти“, кажа Милановиќ и додаде: „Начинот на кој Србија се однесува е нејасен. Не знам што сакаат, но на овој начин нема да влезат во Европската Унија“.
„Целата приказна е бесмислена, и оваа иницијатива Брдо-Бриони по која од белградските и сараевските медиуми слушнав дека нешто сум кажал за Сребреница. Тоа е одвратно, не ми треба ни мене, а ни на Хрватска. Нема да помагам некому кој не сака сам да си помогне“.
„Има низа прашања кои Србија нема право да ги поставува. Такви покрај мене жив нема да влезат во ЕУ. Ние кон Белград се однесуваме џентлменски и во процесот на европските интеграции. Доста беше“, заклучи хрватскиот претседател.