PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Ињаки Вилијамс избра да игра за Гана

Jul 6, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Напаѓачот на Атлетик Билбао ја објави својата одлука да настапува за репрезентацијата на Гана.

Фудбалерот роден во Шпанија, Ињаки Вилијамс, најави дека во остатокот од кариерата ќе настапува за репрезентацијата на Гана.

Вилијамс е роден во Шпанија од родители кои, бегајќи од граѓанската војна во Либерија, стигнале до бегалскиот камп во Гана. По Гана тие трајно се преселиле во Баскија.

„Чувствувам дека дојде моментот да го пронајдам моето потекло. Африка и Гана се дел од моето семејство. Сакам да вратам мал дел од сето она што ни го даде Гана, бидејќи одигра значајна улога во тоа да станам личност што сум“, напиша Вилијамс на Твитер.

Вилијамс играше за јуниорските селекции на Шпанија, а забележа и еден настап за сениорската селекција, во 2016 година против Босна и Херцеговина во пријателски натпревар. На Светското првенство оваа година Гана ќе игра во групата Х заедно со Португалија, Јужна Кореја и Уругвај.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ