PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

И денеска хуманитарни коридори низ Украина, Русија тврди дека Киев подготвувал инвазија на Донбас

Mar 9, 2022

Русија за денеска најави нов прекин на огнот со цел да им се овозможи на цивилите од повеќе украински градови градовите да се евакуираат. Хуманитарни коридори повторно треба да бидат воспоставени за Киев, Чернихив, Суми, Харков и Мариупол во 10 часот по локално време што ќе биде трет прекин на огнот од почетокот на инвазијата.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Вчерашниот обид за евакуација на цивилите од Чернихив не успеа бидејќи според тврдењата на украинските власти, Русија продолжила со гранатирање на рутата по која требало да се движат коридорите. Исто така, Украина тврдеше и дека безуспешен бил обидот и во Мариупол. 

Од друга страна, руското Министерство за одбрана денеска пред јавноста објави тајни документи што укажуваат дека украинските оружени сили планирале во март годинава да спроведат воена интервенција во Донбас.

-Во рамки на специјална воена операција руските сили дојдоа до тајни документи на Командата на Националната гарда на Украина. Тие потврдуваат тајна подготовка на режимот на Киев за офанзивна операција во Донбас во март 2022 година, изјави портпаролот на руското МО, Игор Конашенков.

Како што наведе Конешенков, планот предвидувал до 28 февруари да заврши борбената координација на украинските националисти, за да се обезбеди реализација на офанзивни задачи во рамки на украинската „операција на здружените сили“ во Донбас.

САД го забранија увозот на руска нафта, во обид да и зададат економски удар на Москва поради војната во Украина. Претседателот Џо Бајден вчера наглaси дека американското нафтено ембарго врз Русија ќе ја пресече „главната артерија“ на московската економија и вети дека Украина „никогаш нема да биде победа“ за рускиот лидер Владимир Путин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера се пожали дека му е потребна поголема воздушна поддршка за да се бори против офанзивата на Москва. Во видео-говор пред британските пратеници, Зеленски се повика на отпорот на Винстон Черчил против нацистичка Германија, и вети дека „ќе се бори до крај“.

Пентагон го отфрли полскиот план за испорака на борбени авиони Миг-29 на американската воздухопловна база во Германија, нагласувајќијќи дека тој не е „одржлив“.

-Можноста за борбени авиони… да заминат од базата на САД/НАТО во Германија за да летаат во воздушниот простор што е оспоруван со Русија над Украина, предизвикува сериозна загриженост за целата алијанса на НАТО, наведе портпаролот Џон Кирби во изјавата.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ