И Фон дер Лајен ќе се обрати пред пратениците на собраниската седница в четврток

Собранието на Македонија за в четврток ја закажа 80-тата седница на која ќе се расправа за предлог преговарачката рамка за деблокада на евроинтегративниот процес на земјава, а пред пратениците, како што е најавено, ќе се обрати и претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.

Извори од Собранието претходно потврдија дека пратениците денеска преку СМС порака биле информирани оти седницата на чиј дневен ред ќе биде Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка ќе се одржи во четврток во 13 часот.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието сè уште немаат излезено со официјална информација за седницата.

Владата, според барањата од вчерашната координација во Собранието, попладнево до Собранието достави и дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со Европската унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.

Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите пратеници.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...