И Светска банка предупредува за опасноста од увозната зависност на Македонија од енергија

Увозната зависност на Македонија од електрична енергија континуирано расне. Наместо зголемено домашно производство, ние имаме зголемен раст на увозот. Дека енергетската зависност може да стане сериозен проблем укажуваат и од Светска банка во својот последен полугодишен извештај за економиите од Западен Балкан.

–  Република Северна Македонија е увозно зависна земја во однос на потребите од електрична енергија. Увозот на електрична енергија во изминатите години се движеше од 20 до 30 проценти од вкупната бруто-потрошувачка на електрична енергија и директно зависи од домашното производство на електрична енергија. Во 2021 година нето-увозот на електрична енергија изнесува 33,15 отсто, додека во 2020 година истиот изнесуваше 31,38 проценти од вкупната бруто-потрошувачка – се наведува во годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Енергетската криза, растот на цените и увозната зависност на Македонија и земјите од Западен Балкан од енергија се дел од темите на кои укажаа и претставниците на Светска банка, кои потенцираат дека е нужно државата да ја поттикне домашно производство и подобрување на енергетската ефикасност.

–  Од сите земји на Западен Балкан, Албанија и Македонија најмногу се потпираат на увоз на електрична енергија. Македонија увезува 34 проценти од енергијата и тоа ја прави подложна на удари од регионално и светско ниво. Како што гледаме ЕСМ има зголемени трошоци за еенергија, што резултираше и со раст на цената на енергијата, и иако има субвенции, сепак, гледаме голема енергетска ранливост која е многу раширана на Западен балкан. Дополнително дел од домаќинствата имаат проблем со загревање на домовите. На листата на препораки за надминување на состојбата е зголемување на мерките за енергетска ефикаснот, снабдување од различни извори, соларна енергија, ветерна енергија, области каде може да инвестираат повеќе домаќинства кои ќе го зголемат домашното производство на енергија, а ќе треба да се зголемат и капацитети за складирање на енергијата – вели Редон Беголи, виш  специјалист за енергетика при Светска банка.

Податоците на РКЕ велат дека во производството на електрична енергија во земјава најголемо учество имаат термоелектроцентралите со 39,83 отсто, потоа комбинираните постројки за производство на електрична и топлинска енергија со учество од 28,70 проценти, хидроелектроцентралите со 27,51 отсто, по што следуваат и сите преостанати со учество од 3,96 проценти. Во 2021 година четири компании управуваа со електроцентрали со инсталиран единечен капацитет поголем од 10 мегавати -ЕСМ, ТЕ-ТО, ТЕЦ Неготино и ЕВН Македонија.

Вкупниот инсталиран капацитет на електроцентралите во 2021 година изнесува 2.117,4 мегавати (MW), што е за 14,2 мегавати поголем од инсталираниот капацитет во 2020 година. Најголем дел од новите електроцентрали се или фотонапонски електроцентрали, со вкупен инсталиран капацитет од 14 мегавати, или мали хидроелектроцентрали, со вкупен инсталиран капацитет од 0,2 мегавати. Производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија е променливо на годишно ниво и пред сè зависи од хидролошките капацитети. Во вкупното производство на електрична енергија за 2021 година, обновливите извори на енергија учествуваат со 31,46 отсто, што е за 14,72 проценти поголемо во однос на 2020 година, додека производството на електрична енергија од термоелектроцентралите учествува со 68,54 отсто, што е за 17,12 проценти помало во однос на 2020 година -стои во извештајот на РКЕ.

Регулаторите објаснуваат оти увозот на електрична енергија, потребен за покривање на вкупната потрошувачка на електрична енергија, за 2021 година, изнесува 2.621 гигават-часа (GWh), што е зголемување за 11,99 отст во однос на 2020 година или зголемување за 280 гигават-часа, додека во однос на 2019 година зголемувањето изнесува 28,26 проценти или 796 гигават-часа. Од РКЕ потенцираат дека ваквото зголемување на увозот е поради значителното намалување на домашното производството на електрична енергија и едновремениот пораст на брутопотрошувачката на електрична енергија.

ТОП ВЕСТИ

Трамп во вторник е на суд во Мајами, објави дека по втор пат е обвинет годинава

Доналд Трамп синоќа објави дека е обвинет по втор пат оваа година – овој пат по федерални обвиненија во случај што се фокусира на...

Продолжува испумпувањето на водата по вчерашното невреме во Делчево

И утрово продолжи испумпувањето на вода од подрумите на луѓето, по поплавите од невремето кое вчера попладне го зафати Делечево. Доцна синоќа помош на...

Груби оствари средба со заменик американскиот амбасадор, Мејер

Скопје, 8 јуни – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби оствари средба со заменик американскиот...

Русите се радуваат дека уништиле тенк Леопард 2, но погодиле напуштен комбајн

Во очај да покаже какви – такви резултати од бојното поле, соочено со постојани загуби и сé поострите критики од домашните милблогери, а...

Џафери се сретна со специјалниот пратеник Амербајев од Азербејџан

На средбата со специјалниот пратеник на претседателот на Азербејџан, Ечин Амербајев, претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, од име на Собранието и од...