PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Илчо Ѓорѓиоски останува тренер на Брегалница уште три години, паднаа уште два потписи во Штип

Jun 24, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Раководството на ФК Брегалница и актуелниот шеф на стручниот штаб, Илчо Ѓорѓиоски ја продолжија меѓусебната соработка и во следните три години, до јуни 2025 година.

Пред стартот на летните подготовки за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, согласно амбициите, планот и програмата поставени од страна на сопственикот и раководството на клубот за нескриен вистински професионален развој на „сините“ потпишан е нов тригодишен договор со актуелниот стратег Илчо Ѓорѓиоски кој треба да биде носителот на проектот во спортскиот дел за етаблирање на Брегалница како значаен фактор во македонскиот фудбал.

– Потпишавме нов договор за соработка со Илчо Ѓорѓиоски, на тој начин јасно останувајќи на зацртаниот пат за издигнување на Брегалница на највисоко ниво во домашниот фудбал. Делејќи ги заедничките определби за етаблирање на Брегалница на врвот од македонскиот фудбал, со именувањето на Ѓорѓиоски амбициите и плановите на клубот за следната сезона остануваат: излез на европската сцена и паралелна промоција и развој на младите талентирани фудбалери на клубот како можност потоа и за интернационална кариера, а се во интерес и воопшто на развојот на македонскиот фудбал – истакна сопственикот на Брегалница, Кирил Гогов, веднаш по потпишувањето на новиот договор со Илчо Ѓорѓиоски.

Пред утрешниот почеток на подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, продолжена е и соработката со офанзивецот Марјан Алтипармаковски.

Фото: ФК Брегалница Штип

Алтипармаковски имаше одлична сезона во дресот на „сините“ завршувајќи ја со десет погодоци и четири асистенции, по што доби нов договор со Брегалница.

– Клубот продолжува во спортскиот дел активно со креацијата на тимот за следната сезона. Во таа насока се, паралелно и со потпишувањето на договорите со членови од младинските категории, се и новите договори со досегашните првотимци кои покажаа и докажаа во изминатата сезона дека се од исклучително значење за тимот, како што е искусниот офанзивец Марјан Алтипармаковски“ – вели спортскиот директор на Брегаланица, Никола Тонев.

Третиот потпис на штипјани е тој со Колумбиецот со македонски пасош Александер Борха Кордоба. Тој доаѓа од редовите на Ренова, каде настапуваше изминатата сезона.

Првата прозивка на стартот од летните подготовки, Илчо Ѓорѓиоски ќе ја има утре од 12 часот, откако изминативе деновиве беа реализирани задолжителните лекарски прегледи.

 

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ