Илон Маск: Луѓето ќе отидат на Марс до крајот на деценијава


 – Американскиот визионер, милијардер и основач и извршен директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск верува дека луѓето ќе стигнат на површината на Марс до крајот на ова десетлетие. Тој за тоа говореше во интервју за Си-ен-би-си викендов.

– Мислам дека тоа ќе се случи оваа деценија. А, на Месечината луѓето ќе бидат уште порано. Мислам дека прво треба да направиме голема достава на површината на Марс, а потоа луѓето ќе почнат да размислуваат и повеќе за тоа. Пет – шест години подоцна, луѓето ќе сфатат дека Марс е вистинското „место за посета“, рече Маск.

Патувањето до Марс, вели тој, ќе биде овозможено со ракетата „Старшип“ на Спејс-Икс. Меѓупланетарниот брод би бил дизајниран како ракета – вселенско летало за повеќекратна употреба што ќе пренесува екипаж и товар до Месечината и Марс, и за нивно враќање на Земјата. Како што се наведува, „Старшип“ е доволно напреден за тоа.

Во мигов се подготвува првиот орбитален пробен лет на „Старшип“, а лансирањето ќе биде од „Старбејз“ во Тексас. Меѓутоа, за да се случи тоа, Федералната управа за авијација на САД мора да спроведе еколошка проценка на активностите. Таа проценка требаше да се направи до крајот на 2021 година, но неколкупати беше одложувана. Новиот датум е 31 мај, но тоа не значи дека „Старшип“ сѐ уште не планираат мисија.

Во 2018 година, јапонскиот милијардер Јусаку Маезава потврди дека резервирал лет со „Старшип“ околу Месечината за 2023 година.

Во меѓувреме, американската вселенска агенција НАСА го избра „Старшип“ за својата програма „Артемис“ и лет со луѓе до нашиот природен саттелит, а таа мисија е планирана за 2025 година. Целта е да се истражи јужниот пол на Месечината.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...