Инфантино најави клупски мундијал со 24 екипи

Пет натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Во два натпревари се играа продолженија. Ноќта ја обележа рекордот на Јанис Адетокумбо и новиот пораз на ЛА Лејкерс.

Актуелните шампиони, Милвоки Бакс, во продолжението забележаа победа во Бруклин. Бакс славеа со 120:119. Јанис Адетокумбо натпреварот го заврши со 44 поени, 14 скока и шест асистенции. Грчкиот репрезентативец на овој меч стана најдобриот стрелец во историјата на франшизата. На првото место на вечната луста тој го мина легендарниот Карим Абдул-Џабар.

Милвоки, се втори на Истокот, имаат победа и натпревар помалку од Мајами Хит. Бруклин заедно со Шарлот и Атланта ја делат осмата позиција, трите тима имаат скор 40-37.

Атлната против Кливленд ја забележа 40.победа во сезоната. Хокс го декласираа противникот со 131:107.



Чикаго и ЛА Клиперси играа продолженија. Булс победија со 135:130. Блескаше Демар Дерозан со 50 поени. Тој е 14.играч од почетокот на сезоната кој успеал да постигне 50 или повеќе поени на еден натпревар. Никола Вучевиќ забележа дабл-дабл од 22 поени и 14 скока, а Зек Лавин уфрли 21 поен. Клиперси ги предводеше Реџи Џексон со 34 поени.

Јута немаше проблем со ЛА Лејкерси. Поразот од 122:109 е четврти за Лејекрис на последните пет натпревари. Извесно е дека ЛА Лејкерс нема да играат во плејофот оваа сезона. „Езерџиите“ се наоѓаат на 11.место ан Западот.

Од почетокот на февруари, Лејекрис имаат скор од четири победи и 14 порзи.

Јута до победата ја предводеа Донован Мичел со 29 и Руди Гобер со 27 поени и 17 скокови.

Филделфија се откажа од борбата за првото место на Истокот, откако неочекувано загуби кај претпоследниот тим во својата конференција, Детроит Пистонс. Детроит славеа против Филаделфија со 102:94.

Садик Беј 10 од своите 20 поени постигна во последните пет минути и заедно со Кејд Канингем (27 поени), беше најзаслушниот за победата на Детроит.

Кај Филаделфија се истакна Џоел Ембидд со 37 поени 15 скока.

ТОП ВЕСТИ

Северна Кореја тестираше подводен дрон со нуклеарно оружје

Новиот систем на подводни беспилотни летала, како што објави државната агенција КЦНА, е наменет за тајни напади во водите на непријателот со цел да...

Полиција повикана во домот на Ријана откако непознат маж се обидел да ја запроси

Полицијата била повикана во домот на Ријана во четвртокот откако во куќата дошол маж со намера да ја запроси пејачката. Човекот, чиј идентитет не се...

Земјотрес во Бања Лука

Земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер се случи утринава во Бања Лука. Земјотресот е регистириран околу 7:30 часот, покажува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар...

СДСМ: Во заложништво на Апасиев, Мицкоски е класичен антиевропски политичар

Христијан Мицкоски е класичен антиевропски политичар, заложник на Димитар Апасиев и Левица, со кого се наптреваруваат во блокади и кочење на државата велат од...

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Ковачевски, министерот Меџити и амбасадорката Агелер

Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер по посетата на реновираниот дел на Универзитетската...