Инфлацијата ги јаде платите: Има порамнување, не покачување на минималната плата

Во соопштение за јавноста од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека инфлацијата ги јаде платите, реагираат дека заради инфлацијата граѓаните нема да го почувствуваат зголемувањето на платите. Го пренесуваме соопштението во целост:

“Инфлацијата ги јаде платите, тоа што лани можело да се купи за 18.000, сега треба со 19.200 денари.

Стапката на инфлација која ДЗР ја објави дека изнесува 6.7% сериозно ги нагризува платите. Секој работник во Македонија има по минимум 1.000 денари помалку како резултат на инфлацијата сега, во однос на пред една година.

Заради инфлацијата, 18.000 денари плата денес, е како 16.800 денари плата лани.

Таргет на инфлацијата се сите подеднакво, и помалите и повисоките примања. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ предложи зголемување на пензиите и платите во јавниот сектор, а СДСМ одби.

Приказните на СДСМ за повисоки плати се лаги, и таканаречената минимална плата е речиси нагризана од инфлацијата, и се што имаме е само порамнување, а не покачување.

Потребни се итни и суштински мерки. СДСМ покажа дека не може да ги спроведе.” – стои во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

Бајден: Федерална помош за државата Мисисипи по торнадото

Американскиот претседател Џо Бајден одобри федерална помош за поддршка на државата Мисисипи откако беше погодена од торнадо во кое загинаа 26 луѓе, соопшти денеска...

Австрискиот претседател Ван Дер Белен и претставници на 30 компании во вторник во Македонија

Во вторник го дочекуваме австрискиот претседател Александар Ван Дер Белен како дел од западнобалканската политичко економска турнеја. Во делегацијата со Ван Дер Белен ќе...

Средба Рама-Курти во Тирана

Косовскиот премиер Албин Курти, кој денеска е во посета на Тирана, по средбите со шефот на државата Бајрам Бегај и претседателката на парламентот Линдита...

Спасовски: Детектирана е криминална група во однос на лажните дојави за бомби, тие речиси и да престанаа по донесување на новите протоколи

Во интервју за Радио Слободна Европа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашање во врска со придобивките од новите Протоколи за постапување...

НАТО- Руската нуклеарна реторика е опасна и неодговорна

НАТО во неделата ја критикуваше Русија за нејзината „опасна и неодговорна“ нуклеарна реторика, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе...