Инфлацијата во Еврозоната минатиот месец достигна рекордни 7,4 проценти


Стапката на инфлацијата во Еврозоната минатиот месец забележа нагло зголемување како последица на покачените цени на енергенсите.

Денеска објавените податоци говорат дека инфлацијата во областа на потрошувачката во март достигнала стапка од 7,4 проценти, споредбено со 5,9 отсто во февруари.

Пресметаната базична инфлација што не ги опфаќа цените на енергијата, храната, алкохолот и тутунот исто така бележи раст на 2,9 наспроти 2,7 проценти колку што изнесуваше во февруари.

Сегашната стапка на инфлацијата е повеќе од трипати поголема од таргетираните два проценти на кои се надеваше Европската централна банка. ЕЦБ предвидува дека цените на храната и на енергијата ќе продолжат да се зголемуваат во месеците што следат. Проекциите се дека инфлаторниот притисок ќе потрае подолго од претходно предвиденото.

Се очекува пикот на основната инфлација да достигне некаде над осум проценти, со просечна инфлаторна стапка од седум проценти на годишно ниво.

Бидејќи зголемената инфлација ќе ја намали потрошувачката, се очекува 2022 да биде година на стагфлација за Еврозоната.

Најголема инфлација минатиот месец има кај цената на енергијата, со раст од 44,7 проценти наспроти 32 отсто забележан во февруари.

Цените на прехранбените производи, алкохолот и тутунот во март поскапеа за пет проценти наспроти 4,2 проценти месец претходно.

Исто така, растот на цените на неенергетските индустриски производи се зголеми на 3,4 отсто од 3,1 отсто раст во февруари. Слично е и кај трошоците за услуги кои минатиот месец поскапеа за 2,7 проценти наспроти 2,5 отсто во февруари.

Последните показатели сугерираат на продолжено зголемување на инфлаторните притисоци во Еврозоната.

Инфлацијата во Германија, најголемата економија во Еврозоната, достигна рекордно високо ниво како резултат на растечката цена на енергијата. Цените во Германија минатиот месец се покачија за 30,9 отсто наспроти 25,9-процентниот пораст во февруари.

Се очекува цените на енергенсите во Еврозоната да останат високи во мигови кога европските држави планираат намалување на зависноста од рускиот гас и нафтата.

Анализите спроведени минатиот месец покажуваат постојано зголемување и на трошоците при набавките и на цените кај продажбата, во услови кога компаниите се обидуваат да го поделат со клиентите товарот од зголемените оперативни трошоци. И во двата случаи, инфлацијата бележи раст, што се очекува да биде потврдено и преку резултатите на следните анализи.

ТОП ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...

Полициска акција на наплатната рампа кај Тетово, запленета голема количина дрога, уапсени дилери

На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово утрово околу 7 часот, полицијата заплени големо количество дрога и уапси двајца оосмничени дилери, информираа за...