Инстаграм jа тестира програмата „Јоти“ за проверка на возраста на корисниците


Инстаграм почна да тестира нови начини за проверка на возраста на корисниците, а меѓу нив е и алатка со вештачка интелигенција дизајнирана од компанија од трета страна. Станува збор за програмата „Јоти“ (Yoti) од истоимената компанија, којашто проценува колку години има човекот со скенирање на неговото лице и неколку години се користи од други компании.

Официјално, Инстаграм може да го користат луѓе на возраст над 13 години, но компанијата со години не се обидува да го примени тоа правило. До 2019, корисниците не требаше да го внесат датумот на раѓање при регистрацијата, ниту пак, овој податок беше проверуван. Сепак, по притисокот од стручњаците за приватноста и безбедноста на децата, Инстаграм воведе повеќе проверки за возраста, како и методи за одвојување на помладите корисници од возрасните.

Во мигов, Инстаграм бара од корисниците да ја потврдат нивната возраст само кога тинејџерите се обидуваат да го изменат својот датум на раѓање за да се претстават како 18-годишни или постари. За да се провери возраста, корисниците треба да испратат фотографија од личната карта, а Американците од денеска ќе имаат две дополнителни опции – социјална гаранција и проценка со вештачка интелигенција.

Во случајот со првиот метод, Инстаграм ќе бара од тројца заеднички пријатели на корисникот да потврдат колку години има тој / таа, а и секој од нив мора да има над 18 години. Рокот за одговор на барањето на Инстаграм е три дена. Друг метод е да се испрати видео од себе до компанијата „Јоти“, која користи вештачка интелигенција и машинско учење за да ја процени возраста на луѓето.

Системот „Јоти“ може да се тестира и на интернет, а компанијата тврди дека не задржува никакви податоци за своја полза. Новата технологија има одобрение и од британските и германските дигитални регулатори.

ТОП ВЕСТИ

Вјоса Османи за Си-ен-ен: Ако не се соочи со мерки, Србија би можела да го повтори насилството врз остатокот од регионот

Одговорноста за нападот во Бањска ја презеде поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, кој во вторникот беше сослушан во белградското обвинителство, но косовската...

(Видео) Автобусот кај Венеција паднал од височина од 30 метри

Дваесет и едно лице загина, меѓу кои две деца, а 15 се повредени, од кои пет потешко, кога автобус со туристи падна од надвозник...

Трагедија во Нови Сад, човек паднал од кран и починал на лице место

Непознат маж паднал од кран на голема височина во Нови Сад и починал на лице место. Брзата помош веднаш интервенирала. „На лице место е констатирана смрт“,...

Битиќи и Бектеши на средби во ЕБРД: Поддршка за реализација на енергетски проекти за забрзана енергетска трансформација

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, во Лондон, остварија средба со генералната директорка во Европската банка за...

Српската полиција го уапси Милан Радоичиќ

Поранешниот претседател на Српската листа минатата недела одговори на поканата на државните органи на Србија и даде изјава за околностите за трагичниот настан во...