[ad_1]
Интер рутински запиша победа на гостувањето кај Викторија Плзен (2:0), додека Спортинг Лисабон во финишот го шокира Тотенхем.
Интер немаше право на кикс и од самиот старт тргна фуриозно, па уште во 9-та минута Џеко погоди за предност од 1:0. До полувремето Интер создаде уште неколку добри шанси, но не успеа да го зголеми водството.
И во вториот дел „нероаѕурите“ ја контролираа играта, а после исклучувањето на Буша во 61-та минута се беше полесно за гостите кои имаа играч повеќе. Десет минути подоцна Џеко му асистираше на Думфрис кој ги постави конечните 2:0.
На другиот меч Спортинг Лисабон стигна до голема победа против Тотенхем и тоа во самиот финиш. Во 90-та минута Паулињо погоди за голема радост на домаќините, а во судиското продолжение Гомеш ги постави конечните 2:0.