PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Интервју / Подготвени сме за настава со физичко присуство, зборува министерот за образование (Видео)

Jan 28, 2022

Остануваат уште неколку дена да започне наставниот процес во земјава, кој на предлог на Министерството за образование и наука според препораките на Комисијата за заразни болести и одлуката на Владата е одложено за неколку дена. Министерот Јетон Шаќири во ексклузивното интервју за Индекс.мк зборува за процесот на учење, како ќе се развива и други капитални проекти што ги планира ова министерство.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Со одлука на Владата и предлог на Министерството за образование, второто полугодие започнува на 1 Февруари. Дали сте подготвени за успешна учебна година?

Како што веќе знаете, во периодот што измина, на 20-ти Јануари, требаше да започне второто полугодие , но поради одлуката што заеднички ја донесовме, второто полугодие ќе започне на 1-ви Февруари. Напоменав дека првата одлука ја донесовме имајќи во предвид една поопсежна анализа што ја направивме, но во исто време имавме и препорака и некои совети од страна на УНИЦЕФ новата учебна година да ја започнеме со физичко присуство. Во овој момент и како министер во Министерството за образование и наука бев во постојана комуникација и имав две редовни комуникации со сите директори на основните и средните училишта во кои одблиску ги слушнав нивните барања, потреби или проблемите и грижите што ги имаат директорите во процесот на менаџирање и насочување на нивните образовни институции. Од комуникацијата немаше некои специфични барања освен во многу ретки ситуации поради капиталните инвестиции како што се некои училишта, што значи дека директорите на училиштата не изразија загриженост дека има значителен број на заразени деца или наставен кадар во училиштата. Ова е знак дека сите директори се подготвени, но за мене овие денови е многу важно што беше остварена оваа дискусија, добив многу пораки од деца и ученици од основно и од средно образование кои се многу среќни што новата учебна година ќе започне на 1 Февруари и сите со нетрпение очекуваат да бидат присутни во училишните клупи за да продолжат со наставата. Важно е што сите сме свесни дека физичкото присуство во училиштата дава подобар резултат во наставниот процес и во исто време е докажано дека тоа е поефикасно и попродуктивно за процесот на учење. Сите треба да се придржуваме до протоколите , заштитните мерки и да го зачуваме здравјето, но сме соочени со вирус со многу непознати околности, додека процесот кој зависи од нас може да го менаџираме и контролираме ние.

Дали сте загрижени за зголемениот број на заразени со Ковид? Дали се преземени сите мерки за здравјето на учениците и наставниците?

Верувајте ми дека покрај бројките што ги следи пошироката јавност и ние исто како министерство, ќе бидеме во постојана секојдневна комуникација со сите училишта за одблиску да ги видиме бројките што ќе ги имаме од самите училишта откако ќе започне новата учебна година. За донесувањето на оваа одлука ја имавме предвид препораката на комисијата за заразни болести која ни даде инструкции новата учебна година да започне со физичко присуство, што значи дека кога децата се присутни во училишните клупи ќе покажат подготвеност да ги почитуваат протоколите, воедно и да се чуваат меѓусебно, покажувајќи дека имаат желба и волја, и тоа колку многу го сакаат образованието и верувам дека ќе имаат подготвеност да се заштитат дури и во временскиот период кога се на одмор. Ако и покрај тоа не се придржуваат до протоколите или не го заштитуваат нивното здравје, ние сме сепак во потенцијална опасност да се заразиме. Сепак како што комисијата донела секаков вид на одлуки за било која активност каде што ја анализирале епидемиолошката страна и многу други важни показатели, така и овој пат ни даваат препорака да започнеме со физичко присуство. Сакам да го споменам и фактот дека и земјите околу нас, каде што бројките се високи како Република Албанија, каде образованиот процес е реализиран со физичко присуство имале 3 дена прекин поради ниските температури, но повторно се вратиле во училиште со физичко присуство. Вака ќе постапи и Косово, Црна Гора, Република Србија и Бугарија и таканатаму во земјите кои не опкружуваат. Ова значи дека на почетокот на процесот на учење ние мора да се чуваме како што се чуваме во секојдневниот живот, да ги почитуваме протоколите. Прашање на дискусија е да се разговара за протоколите, секогаш ќе се земе во предвид препораката на комисијата, затоа што најважните податоци се препораките што ги имаат комисиите бидејќи тие прават подолга анализа во координација со Министерството за Здравство. Уште еднаш ме радува фактот што децата со нетрпение го очекуваат почетокот на учебната година со физичко присуство, со нетрпение чекаат да ги слушнат предавањата на нивните наставници. Ова е една од најпозитивните вести, има дел и кој отвора дискусија но се подразбира дека ќе бидеме во постојана комуникација, со физичко присуство беше и првото полугодие каде го имавме истиот процес, доколку од почетокот ги почитуваме сите протоколи и мерки, ќе бидеме заштитени и ќе го следиме секое движење, физичкото присуство на часовите е многу важно во воспитно-образовниот процес за доброто на сите деца.

Училиштата во Визбегово и Блаце веќе се градат, додека училиштата во Идризово и Велес остануваат незапочнати. Имате ли планови за изградба и на овие две училишта?

Многу значајно достигнување во овој период е што започнаа да се грагат две училишта и заложбата што ја презедоа Владата и првиот вицепремиер Артан Груби кои ги следеа процедурите за да овие две училишта во континуирана комуникација со претходната министерка наскоро стануваат реалност. Како што беше досегашната заложба во овој период, ќе биде уште поголема мојата заложба во наредниот период за да ги следиме сите прашања поврзани со документацијата, за одблиску да видиме доколку имаме било какви потешкотии со документацијата за и другите две училишта наскоро да станат реалност. При комплетирањето на овие процедури треба да знаеме дека истите се состојат и од документација од технички карактер, се подразбира треба да се планираат средства и да се организира процесот, но јас сум подготвен кога документацијата ќе биде готова да бидам во континуирана комуникација за и овие две училишта наскоро да станат реалност. Како што кажав, за поздравување е и фактот што е инвестирано веќе две училишта кои ќе станат реалност во следниот период, но исто така се приоритет и овие други две училишта што ги споменавте.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ