ИРАН ВОВЕДЕ САНКЦИИ ЗА УШТЕ 61 АМЕРИКАНЕЦ ПОРАДИ ПОДДРШКА НА МЕК

Иран денеска соопшти дека вовел санкции за уште 61 Американец, меѓу кои и поранешниот државен секретар Мајк Помпео, поради поддршка на дисидентската група „Муџахедин-е-Калк“ (МЕК).

На „црната листа“ објавена од иранското Министерство за надворешни работи се и Рудолф Џулијани, адвокат на поранешниот претседател Доналд Трамп и поранешниот советник за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон.

Санкциите, кои претходно беа воведени против десетици Американци, им дозволуваат на иранските власти да ги замрзнат нивните средства во Иран, но бидејќи тие немаат имот во таа земја, одлуката е главно симболична.

Џулијани, Помпео и Болтон учествуваа на различни настани поврзани со групата МЕК и ја изразија својата поддршка за неа.

Во јануари Иран воведе санкции за 51 Американец, а во април на „црната листа“ стави уште 24 Американци.

Индиректните разговори меѓу Иран и САД за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година започнаа во ноември минатата година во Виена и продолжија во Катар во јуни, но оттогаш се заглавени.

ТОП ВЕСТИ

(Видео) Сондата со примерок од опасниот астероид стигна на Земјата

Сондата со примерок од астероидот Бену слета на Земјата во неделата. Научниците на НАСА се надеваат дека материјалот може подобро да објасни како настанал...

Во Дебар отворен фестивалот “Албански театар во Македонија”

Со претставата „Лет над албанскиот театар” во режија на Ерсон Зимберај, а во изведба на албанскиот театар од Куманово, синоќа  во Центарот за култура...

Два автомобили и камион се судрија на булевар Србија

Утрово на булевар Србија во правец од Драчево до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион. Патнички автомобил...

Ковачевски: Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни

Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање...

Почина Шефот на Коза ностра, Матео Денаро, кој беше фатен во јануари по 30 години бегство

Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше фатен во јануари по три децении бегство, почина на 61 година. Денаро се лекувал од...