[ad_1]

Омилената серија на сите генерација, Galaxy A серијата заслужено го носи епитетот – најпопуларна категорија на паметни телефони на Galaxy. Квалитет, дизајн и вистинска револуција на најновите иновации, на дофат на рака секому!
Додека полека се збогуваме со 2022 година, желбите и копнежите за нешто подобро, иновативно и неверојатно полека се будат! Студената есенска магија нè потсетува дека моментите со најблиските се нешто кое сакаме засекогаш да го зачуваме во нашиот меур на спомени, па токму затоа долгите прошетки низ пожолтените парковите, викенд на планина и уживање во првиот снег или можеби планирање на посета на некоја европска дестинација од соништата и уживање во предновогодишните базари во најава. Сите прекрасни моменти кои ги искусуваме и живееме, несомнено мора да бидат запаметени засекогаш! Можеме ли да му пркосиме на времето? Со Samsung Galaxy А53 5G и Galaxy A33 5G, магијата засекогаш можеме да ја задржиме во нашите спомени! Решението е во квалитетната камера и неверојатно издржливата батерија која никогаш нема да не изневери! Светот на Galaxy А е создаден да ви овозможи неверојатен квалитет, револуционерна иновација и дизајн по цена достапна секому. Одбере го вашиот омилен модел и безгрижно зграпчете ги сите убави нешта кои животот ги нуди.
Камера доволно силна да ја долови магијата од секој момент!
Овековечете ги моментите за паметење со јасни детали со помош на камерата со повеќе објективи на Galaxy A53 5G и Galaxy A33 5G ги носи сликите на следното ниво. Благодарение на четирите камери, главната од 64 MP кај Galaxy А53 и 48 MP кај Galaxy А33, ултра широката од 12MP кај Galaxy А53 и 8 MP кај Galaxy А33, макрото од 5 MP и сензорот за длабочина исто така од 5 MP кај Galaxy А53 и 2 MP кај Galaxy А33 ќе добиете појасни и почисти слики. Светот не мора да стои мирен за да го доловите секој момент – камерата на Galaxy А33 и Galaxy А53 снима пофини видеа и помали детали, дури и при слабо осветлување. За забавата да биде целосна тука се AI Image Enhancer – разубавувач на слики кој автоматски ги подобрува фотографиите, така што веднаш можете да ги разубавите. А за најсмешните моменти тука се новите Snapchat ефекти што редовно се ажурираат во режимот за забава.
Префинет дизајн кој совршено се вклопува во вашиот стил
Едноставноста е она по што е препознатлива Galaxy A серијата – префинети облини кои овозможуваат удобно држење и лесна навигација на екранот. Помалку е повеќе кај Galaxy А53 5G и Galaxy A33 5G – потенок и пософистициран со мат финиш, квалитетна рамка и беспрекорен отвор за камера со Ambient Edgeе.
Батерија доволно силна да ве следи во секој чекор
Она по кое се препознатливи моделите на Galaxy A53 5G и Galaxy А33 5G е несомнено нивната батерија . Зграпчете го секој момент од денот со батерија која нема да ви застане на патот. Батеријата од 5000 mAh овозможува да работите, патувате и уживате во функцииите без прекин. Докажано дека трае два дена, имате доволно време за стриминг, споделување, гејминг и многу повеќе. Брзо оживејте го својот Galaxy уред благодарение на супербрзото полнење од 25 W и овозможете приспособливо зачувување енергија за да го подобрите целокупниот перформанс на батеријата.
Богато визуелно искуство поддржано од врвни перформанси
Galaxy A53 5G се напојува со процесор Exynos 1200, има 6,52-инчен FHD + AMOLED екран со стапка на освежување од 120Hz за максимално уживање во живописните детали, додека А33 5G може да се пофали со 90Hz за максимално глатко гледање. Со широкиот Infinity-O екран безгрижно може да гледате филмови, видеа и фотографии во надворешни услови до 800 нити¹ и намалена сина светлина благодарение на Eye Comfort Shield. Генијален екран за супер непречено лизгање и „свиленкасто“ искуство на гледање, без заматување, со повеќе детали и живописен контраст.
Сите модели телефони имаат чиста моќ на обработка на податоци. Засилени со Octa-core процесор од 5 nm, вашиот Galaxy е изграден за да се справи и со најголемиот мултитаскинг досега. RAM Plus ги чита обрасците на користење и овозможува дополнителен виртуелен RAM за екстра засилување.
За непрекинато уживање и максимално доживување на 5G мрежата, искористете го промотивниот период и уживајте во вашите омилени содржини на YouTube Premium два месеци бесплатно. Оваа 2-месечна бесплатна промоција за YouTube Premium е отворена за учесниците од Северна Македонија кои ќе купат и ќе активираат Galaxy A33 и Galaxy A53 5G помеѓу 01 февруари 2022 година и 01 март 2023 година. Повеќе информации може да најдете на следниот линк: https://www.samsung.com/mk/offer/youtube-premium-a-series-2022/
Доволно меморија за секој момент
Синхронизирајте ја својата галерија со OneDrive и уживајте во 6 месеци 100 GB меморија на OneDrive облакот со Galaxy A33 и Galaxy A53 5G. Шестмесечниот бесплатен пробен период за 100 GB меморија на OneDrive облакот е достапен за корисници кои купиле Galaxy A33 и Galaxy A53 5G. Достапноста може да се разликува во зависност од регионот или земјата. По шестмесечниот пробен период, вашата претплата автоматски ќе се обнови во шестмесечна платена претплата согласно условите и одредбите на Google Play. Откажете во кој било момент за да откажете идни наплатувања. Понудата е достапна е во периодот помеѓу 25 март 2022 година и 31 март 2023 година. Мора да се искористи во текот на овој период на Google Play Store за да го започнете шестмесечниот пробен период. Повеќе информации на следниот линк: https://www.samsung.com/mk/offer/one-drive-promo-2022/