Шефот на гостиварското Вишо Јавно Обвинителство, Ислам Абази е ношиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. На денешните избори тој освои 66 гласа, два повеќе од заменик-раководителот на скопското обвинителство Ермон Незири кој освои 64 гласа. Суспендираната шефица Обвинителството за гонење на организиран криминал Вилма Русковска доби 14 гласови од колегите а најмлаку гласови освои Деса Пауновска од гостиварското Обвинитечство за која доверба дадоа само 10 обвинители.
За Абази не може да се најде речиси никаква информација ниту на сајтот на Вишото Јавно Обвинителство Гостивар ниту пак на интернет.
По стапувањето на функцијата, шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал тој ќе ги превземе освен фотељата на Рускоска и нејзините два предмети – за финансиската полиција и поранешниот шеф Арафат Муареми и за стануцата за технички преглед во скопски Сарај каде му беше дадено зелено светло на автобусот на „Беса транс“ кој изгоре во трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 патници меѓу кои 14 деца.