Истече рускиот ултиматум за Мариупол и покрај апелите на украинските бранители


Фото: Мариупол

Во 13 часот средноевропско време истече рокот за ултиматумот што Русија им го постави на преостанатите украински бранители на Мариупол.

Русите претходно побараа од преостанатите бранители на Мариупол да го положат оружјето. Засега нема знаци дека Украинците кои го бранат Мариупол се предале.

Украински маринци и членови на Азовскиот полк се наоѓаат во кругот на фабриката за челик „Азовстал“ што е опкружена со многубројни руски трупи.

Командантот на украинските маринци во „Азовстал“ изутринава преку видео-порака изјави дека се прашање на „денови или часови“ колку што би можеле да издржат бранителите.

– Ова е нашето последно обраќање до светот, можеби наше последно обраќање воопшто – рече мајорот Сергиј Волина нагласувајќи дека неговите сили нема да се предадат.

Тој побара меѓународна поддршка, додавајќи дека во фабриката за челик има околу 500 ранети војници и стотици жени и деца.

ТОП ВЕСТИ

Седници на ИО и ЦО на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите...

Трамп во вторник е на суд во Мајами, објави дека по втор пат е обвинет годинава

Доналд Трамп синоќа објави дека е обвинет по втор пат оваа година – овој пат по федерални обвиненија во случај што се фокусира на...

Продолжува испумпувањето на водата по вчерашното невреме во Делчево

И утрово продолжи испумпувањето на вода од подрумите на луѓето, по поплавите од невремето кое вчера попладне го зафати Делечево. Доцна синоќа помош на...

Груби оствари средба со заменик американскиот амбасадор, Мејер

Скопје, 8 јуни – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби оствари средба со заменик американскиот...

Русите се радуваат дека уништиле тенк Леопард 2, но погодиле напуштен комбајн

Во очај да покаже какви – такви резултати од бојното поле, соочено со постојани загуби и сé поострите критики од домашните милблогери, а...