Италијанецот Лучо дојде во Штип и нуди најголеми плати овде

Италијанскиот бизнисмен Лучо Гоби доаѓа во Штип и со намера е овде да остане долго. Нуди работа и најголема плата во чевларскиот сектор во државата.

Тој смета дека оваа индустрија во овој дел од државата може да се рестартира и повторно да успее, а со тоа да живнат и многу фамилии.

– Анализирав и доаѓам во Штип затоа што овој регион има многу квалификувани работници за чевларскиот сектор, многу од нив се отпуштени и разочарани, но сето тоа може да се поправи.

– Јас нудам плата најголема овде и егзистенција , јас ќе успеам во тоа бидејќи имам добар план и им нудам добри услови, има работа и за неквалификуваните, вели Гоби за М-нет телевизија.

Лучо доаѓа во Штип со намера да произведе во првата година 100.000 пара обувки, а потоа да го зголеми својот извоз, и да се надградува.

– За првата пратка планирам околу 50.000 илјади чевли, и ми требаат околу 120 работници, знам дека тука ги има, работам и во Албанија, а тоа не е толку далеку.

Со оглед дека новата сезона е на прагот, од каде ќе започне производството, како и каде, во продолжение раскажува Гоби:

– Сезоната е на самиот почеток, од Албанија и Србија мојот проект продолжува во Штип и Карбинци, јас сум веќе три месеци во Карбинци и спроведувам пробно производство.

– Задоволен сум од досегашната проба а сите планови за реализација продолжуваат во објектот на една фирма, каде ќе се гради идната структура.

– Ги повикувам сите кој сакаат да работат и добро да заработат да дојдат и да ја започнеме оваа приказна, платите ќе бидат значително поголеми од досегашниот стандард а работниците тоа го заслужуваат, заклучува тој.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...