Во куќа на улицата Васа Кошулчева брoj 2 во Велес утрово во 5:10 часот пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) пронашле изгорен човек. Горела соба од куќата, каде што е и пронајдено изгореното лице.Смртта на лицето за МИА ја потврдија и од Брза помош кои информираа дека кога дошле на местото на настанот нашле изгорено лице.– Засега не се знае идентитетот на лицето, тоа дополнително во текот на денот треба да го утврдат екипа од Крим техника на СВР Велес, јавен обвинител и лекар од Брза помош – рече Славица Панова од службата за Брза помош.