Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров, најави дека нова единица чечнски броци заминала да се бори во Украина на страна на руските сили.
Кадиров на Телеграм соопшти дека станува збор за околу 1.000 чеченски доброволци, кои под раководство на неговиот близок соработник, Апти Алаудинов, се на пат да учествуваат во руската специјална операција.
Чеченскиот лидер во понеделникот објави дека и тој самиот се наоѓа во Украина, заедно со руските сили на завземениот аеродром во близина на Киев.