PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Како се вљубиле Моника Белучи и Тим Бартон?

Mar 31, 2023

Моника Белучи нема заиграно во ниту еден филм на својот нов љубовник, американскиот режисер Тим Бартон. Тој имал свои музи, а таа инспирирала други автори. Сепак, моментално тие се во центарот на вниманието на светската јавност, која се чуди како токму тој ја освоил жената што повеќепати била прогласувана за најубава на светот. Ги нарекуваат „убавицата и ѕверот“, но тоа нема врска со вистината.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Фото) Моника Белучи и Тим Бартон вљубени во Мадрид: „Луд сум по неа, ја  сонувам“ - Еспресо

Моника е прекрасна, но Бартон воопшто не е ѕвер, туку е една од најголемите и најинтересните личности во американската кинематографија во последните 50 години.

Прекрасната Италијанка има остварено многу забележителни улоги, но сепак, најпозната е по својата убавина. На 51 година ја има одиграно најстарата девојка на Бонд во филмот „Спектра“. На почетокот на кариерата, на снимањето на францускиот филм „Апартман“ го запознала актерот Венсан Касел, за кого се омажила во 1999 година.

Тој му бил син на големиот актер Жан-Пјер Касел, и со влегувањето во нивното семејство, таа станала членка на високото француско општество. Во период од 6 години добиле две ќерки, Дева и Леона, глумеле заедно во филмовите „Доберман“ и „Пакт со волците“, живееле во многу земји и се развеле по 14 години брак. Актерот „паднал“ на шармот на 30 години помладата Тина Кунаки, со која има ќеркичка Амазонија.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ