Каква порака ќе донесе денеска во Скопје Карен Донфрид

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид денес ќе биде во посета на Скопје.

Според најавите Карен ќе има средби со високи претставници од Владата на која ќе ја соопшти силната подршка која САД ја даваат на Македонија за преговорите со ЕУ.

Од Скопје, Донфрид ќе се упати за Тирана, додека вчера пак престојуваше во посета на БиХ.

За време на средбата со членовите на Претседателството на БиХ, помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид укажала на обврската на политичките лидери во земјата да обезбедат навремени, слободни и фер избори.

Американската амбасада во БиХ соопшти дека Донфрид посочила дека сите политички лидери во земјата „се должни да се стремат кон помирување и градење консензус преку дијалог и да го обезбедат демократското право на граѓаните на навремени, слободни и фер избори“.

„САД се посветени на суверенитетот, територијалниот интегритет и мултиетничкиот карактер на БиХ. „Ќе ги сметаме за одговорни актерите кои ја поткопуваат евроатлантската перспектива на БиХ, преку коруптивни или дестабилизирачки акти“, рече Донфрид, објави американската амбасада во БиХ на Твитер.

Донфрид заедно со американскиот специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар е во петдневната посета на регионот.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...